10мар
 

Вила “VANGELIS” – Лептокарија

 

Вила “VANGELIS” –
Лептокарија

 

Бесплатно сместување за 3-то лице во студио | 5-то лице во апартман

 

Вила “VANGELIS” се наоѓа на 150m од плажа, веднаш до хотел “Eleni” во Лептокарија. Располага со двокреветни и трокреветни студија.. апартман со една спална за 5 лица и дуплекс апартман со две одделни спални соби за 5 лица. Во двокреветните студија има 2 единечни легла, во трокреветните има еден брачен и еден единечен, во апартманот со една спална има еден брачен во спалната, а еден брачен и еден единечен во кујната, додека во дуплекс апартманот има три единечни во едната спална и две единечни во другата. Сите студија/апартмани се комплетно опремени со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер…), тоалет, огледало, туш, балкон (масичка со столчиња), клима, ТV, гардеробер. На располагање на гостите е бесплатен  интернет. Студијата и апартмани се на високо приземје и први кат. Прекрасно уредениот двор ги воодушевува сите кои случајно или намерно минуваат покрај вилата.

EARLY BOOKING

20% попуст за уплата до 01.02.2018
15% попуст за уплата до 01.03.2018
10% попуст за уплата до 01.04.2018

 

 

НАПОМЕНА

–  Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то лице во Студио, 5-то лице во Апартман – БЕСПЛАТНО сместување;

–  Цените за 7 ноќи/8 дена (со *), се дадени за наем на цело студио/апартман без вклучен превоз;

–  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.

–  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;

–  Во студио и апартман со една спална, плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице во Студио и 3-то, 4-то и 5-то лице во АПТ со една спална се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;

–  Во дуплекс апартман со две одделни спални, плаќаат минимум 4 лица | 5-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз;

–  Во студио/апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;

–  Поради генерално чистење на студијата/апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;

–  Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот;

–  Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Удово / Гевгелија;

–  Автобусот ги остава/зема патниците на 10m од вилата.

–  Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТНО!!

–  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НE важат за првиот термин.

 


 

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

–  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;

–  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице;

–  Доплата за туристичка такса – околу 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);

–  Доплата за клима – 5€ од ден на лице место;

–  Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);

–  Доплата за патничко осигурување.


 

За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ

 

PraeTourism-VANGELIS